Доктор Чолакова-Дервишова за весникот “Вечер” појаснува дека веќе е формирана работна група која работи на решавање на овие проблеми на матичните лекари и засега можно е зголемување на капитациониот бод за 15 проценти или тој да достигне од 67 до 70 денари.-Мои колеги веќе неколку пати објавуваат оглас за вработување на медицинска сестра и никој не се јавува. Тие наместо да се посветат на своите пациенти принудени се да трошат драгоцено време за закажување на пациенти и слично-појаснува д-р Чолакова-Дервишова во изјава за весникот “Вечер”.  

 

Матичните лекари бараат зголемување на капитациониот бод, кој истовремено ќе им овозможи и зголемување на платата. Во моментов околу 1.500 матични лекари работат на територијата на цела држава. Тие од министерот за здравство Венко Филипче очекуваат да го реализира ветеното и капитациониот бод, кој сега изнесува 55 денари, до крајот на идната година да достигне 90 денари.

Според д-р Лилија Чолакова-Дервишова, претседател на Здружението на приватните лекари на Македонија–ЗПЛРМ само матичните лекари се без покачување на бодот веќе три години. Според неа, последен пат зголемувањето беше реализирано во 2016 година кога капитацијата беше покачена на 55 денари.

Доктор Чолакова-Дервишова за весникот “Вечер” појаснува дека веќе е формирана работна група која работи на решавање на овие проблеми на матичните лекари и засега можно е зголемување на капитациониот бод за 15 проценти или тој да достигне од 67 до 70 денари.

Очекуваме идната година бодот да достигне 90 денари како што власта ни вети- вели д-р Чолакова-Дервишова и посочи дека во некои градови во државата како што се Виница, Бериово, Каменица, Лозово, Велес има и друг проблем, односно ординациите имаат недостаток на потребните медицински сестри.

Според неа матичните лекари за да не ги затворат своите ординации се подготвени да вработат за административниот дел од работи од оние вработени во државната администрација кои ќе бидат пренасочени во приватниот сектор.

-Мои колеги веќе неколку пати објавуваат оглас за вработување на медицинска сестра и никој не се јавува. Тие наместо да се посветат на своите пациенти принудени се да трошат драгоцено време за закажување на пациенти и слично-појаснува д-р Чолакова-Дервишова и информира дека работната група работи на овој проблем и очекува за овие административци доколку работно се ангажираат да се зголеми дополнително бодот, за што има најави од два денари.

Таа напомнува дека за нив треба да се обезбедат и компјутери на кои ќе работат, но само административни работи, а во делот на медицинските податоци лекарот сам ќе ги средува.

За повисоки плати деновиве се произнесе и самостојниот синдикат за здравство фармација и социјална заштита кои бараат јануарските плати на сите здравствени работници да бидат покачени за 16 проценти, а до крајот на годината на дел од медицинските сестри да им бидат надополнети трите отсто кои не ги добија со покачувањето на платата на почетокот на 2019 година.

Министерот Филипче деновиве во неколку наврати најави дека идната 2020-та ќе биде година во која акцент ќе се стави на примарното здравство преку зголемување, интервенирање во надоместокот на плаќањето, како и доследно спроведување на превентивните програми за граѓани. Тој информира дека земјава има потреба од уште 350 матични лекари кои во моментов недостигаат. Вели дека младите лекари не се заинтересирани да работат како примарни лекари, а уште помалку се заинтересирани да специјализираат семејна медицина. Во моментов околу 330 специјалисти по семејна медицина и 80 лекари се во процес на доедукација и специјализација.  

(В.Ма.)