„Мојот ангел одлета, мојата единствена рожба, мојата Андријана“…: Емотивна објава на Јулија за збогум со нејзината ќерка

456
Фото: Facebook

По двегодишната борба со ракот на дојка, во четвртокот почина Андријана Мациев, ќерка на водителката Јулија Мациевска.

Нејзината мајка, скршена од тага и болка се огласи на Фејсбук со трогателна објава.

Мојот ангел ми одлета, напиша пејачката Јулија на својот Фејсбук профил простувајки се од нејзината ќерка Андријана, која вчера ја загуби битката со лошата болест.

„Мојот ангел одлета, ми се откорна од срцето, од утробата мојата прва љубов, мојата единствена роза, мојата Андријана. Мојата зеница, мојата светлина, моето добро девојче, мојата голема уметница… боли, боли, боли“, пишува неутешната водителка во објавата на социјалните мрежи.

Погребот ќе биде одржан утре, петок (13.5.2022) во 14ч., во капелата на градските гробишта Бутел.

Пејачката претходно објави апел до нејзините пријатели и познаници да се молат за нејзината ќерка која се бори за живот на Клиниката за онкологија.

Ја загуби битката со тешката болест – почина Андријана, ќерката на пејачката Јулија