Најдобриот шпански тенисер Рафаел Надал, важи з еден од најпримерните во историјата. Шпанецот никогаш не го загубил трпението на теренот, за да направи испад, кој би му донел лоша репутација во јавноста или кај младите деца кои го сметаат за свои идол. Тајната за своето однесување, големиот шампион од Мајорка ја гледа во практикувањето јога и медитација.

-Кога сте на теренот, важно е да ги контролирате емоциите. Во мојот случај, практикувам јога и медитација за да можам да ги контролирам емоциите кога играм. Секогаш посакувам да влезам во мечот со позитивно чувство. Важно е да се задржи довербата, дури и кога условите не се идеални. Никогаш не сум го загубил трпението и не сум скршил рекет. Никогаш не сум „лудувал“. Мојата филозофија е никогаш да не се откажувам. Истото ми се случува и кога играм голф или фудбал со моите пријатели, откри шпанскиот тенисер.