Екипата на Морнар од Бар го отпушти Американецот Кори Дејвис. Тимот од АБА лига имаше големи проблеми со Дејвис изминатиот период, па реши да го отпушти.

Американецот исчезна од тимот пред повеќе од една недела, а откако многумина се пуштија во негова потрага, тој објави „стори“ на Инстаграм како се забавува во хотел во Хјустон.

Во АБА лигата просечно бележеше по 9.3 поени, 3.6 асистенции, 2.4 скока и 1.3 украдени топки по натпревар.