Мората опција во нападот

65

Шпанскиот прволигаш Севилја со големо внимание ја следи ситуацијата околу шпанскиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчо гигант Јувентус, Алваро Мората. Искусниот напаѓач е во сопственост на Атлетико (М), но изминатата и актуелната сезона ја одработува како позајмен играч на „Алијанц арена“. Мората на крајот од сезоната ќе се врати во Мадрид, а интерес за неговите услуги покажуваат и челниците на Барселона.