epa05046085 Momir Ilic of MVM-Veszprem celebrates after he scored against Paris Saint-Germain during their men's handball Champions League Group A 9th round match in Veszprem Arena in Veszprem, 108 kms southwest of Budapest, Hungary, 28 November 2015. EPA/Aniko Kovacs HUNGARY OUT

Поранешниот српски ракометен репрезентативец Момир Илиќ, ја одбил понудата да стане нов селектор на српската репрезентација. Илиќ наводно разговарал со претседателката на Ракометната федерација на Србија (РСС), Милена Делиќ, но не постигнале договор, пренесува „Спортски Журнал“.

Машката ракометна репрезентација на Србија е без селектор од крајот на Европското првенство во Германија, на крајот на јануари. Откако „орлите“ не забележаа ниту една победа, РСС ја прекина соработката со шпанскиот стручњак Тони Херона.

Во мај Србија ја чека плеј-оф за пласман на Светското првенство против фаворизираната Шпанија, а наследникот на Херона никаде не се гледа. Прв кандидат на претседателот на РСС, Делиќ беше легендарниот ракометар Илиќ, сега тренер на унгарскиот гигант Веспрем, но тој ја одби понудата.

Илиќ беше МВП на Европското првенство во 2012 година, каде Србија како домаќин го освои сребрениот медал. Тој е првиот играч во историјата на ЕХФ Лигата на шампионите кој постигнал повеќе од 100 гола во три последователни сезони.

Илиќ беше двократен европски првак со германскииот гигант Кил, додека како тренер со Веспрем минатата сезона ја освои титулата унгарски шампион, како и уште два пехари во купот на Унгарија и две регионални титули во СЕХА лига.