Може да биде татко на нејзиниот татко: Берлускони се ожени со 54 години помлада политичарка/ФОТО

1770

Контроверзниот политичар и медиумски тајкун, Силвио Берлускони, повторно најде начин да биде во центарот на вниманието.

Берлускони на свои 85 години се ожени со Марта Фасино, политичарка која е 54 години помлада од него.

Станува збор за атрактивна истомисленичка на Берлускони, на која и се допаѓале неговите политички идеи, но и неговата љубов кон фудбалот. Двојката е во врска од 2020 година, кога Берлускони ја остави Франческа Пасквал (34), поради Марта.

Се запознале во „Милано“, клуб во кој работела Фасино, кој Силвио често го посетувал.

На венчавката, Марта до Олтарот ја довел нејзиниот татко, кој е 20 години помлад од Берлускони, а на церемонијата беа присутни 60 гости. Поранешниот премиер на Италија ја вети својата нова љубов со следните зборови:

“Марта, чувствувам голема љубов кон тебе. Тоа е нешто што сè уште не сум го доживеал и ти си ми незаменлива. Беше со мене во тешки моменти, ми помагаше. Ме надополнуваш, не би можел да живеам без тебе. Го исполнуваш мојот живот.”