Модриќ го пропушта најважниот натпревар

71

Играчот од средниот ред на Реал (М), Лука Модриќ се повреди за време на квалификацискиот дуел против селекцијата на Велс. Според „Марка“, 34-годишниот фудбалер има проблеми со мускулите, поради што ќе пропушти натпревари против Мајорка, Галатасарај и Барселона.

За потсетување, „Ел Класико“ ќе се одржи во 10. коло од Шпанското првенство на 26 октомври на „Камп Ноу“.