Многу одговорно на плажа во време на пандемија

47

 

Летото почна, а тоа носи сончеви денови и секако одмори. Оваа година, луѓето копнеат по морето повеќе од кога било, по неколкумесечна изолација предизвикана од коронавирусот. Туристичките оператори направија вистински туристички бум, многумина сакаат да одат на езеро или море, но се плашат, па затоа најчесто се поставува прашањето како да се однесувате на плажите.

Секоја активност надвор од вашиот дом овие денови носи одреден ризик. Добрата вест е дека просторите на отворено се генерално побезбедни од затворените простори затоа што циркулира повеќе воздух. Еве за што треба да се грижите: eкспертите за јавно здравје сè уште се против неважните патувања затоа што заканата од коронавирус не исчезна. Значи, ако сакате да одите на плажа, најдобро е да бидете локални. Треба да се избегнуваат плажи што се преполни.

Бидејќи многу плажи се широки и нудат доволно простор, можете да се придржувате кон правилата на физичка оддалеченост. Широките плажи се примамливи и безбедни за уживање на отворено. На плажа ќе имате доволно простор семејството да седи, да лежи и ужива без директен контакт со другите посетители на плажа. Избегнувајте затворени простори како што се јавни бањи и простории за јадење или барем обидете се да задржите растојание од два метра на тие простори. И како и секогаш, редовно мијте ги и дезинфицирајте ги рацете.

Маските за лице играат значајна улога во сузбивањето на преносот на коронавирус, па затоа е важно да ги носите на места каде што не можете да ја почитувате социјалната дистанца.

Експертите советуваат да донесете храна што сами сте ја подготвиле. Ако користите пикник маси, прво избришете ги со марамчиња за дезинфекција. Покрај тоа, не заборавајте да се заштитите од сонцето, бидејќи заштитата од сонце ќе ве заштити од непотребно одење во болница, каде што можете да ги зголемите шансите за добивање на коронавирус.

Ако сметате дека можеби сте биле изложени на коронавирус, важно е да се тестирате. За среќа, тестирањето за коронавирус сега стана многу полесно отколку порано.