Младите под 40 години ќе мора да  почекаат за вакцина

968

ДОДЕКА ПОСТАРИТЕ НЕ ДОАЃААТ НА ЗАКАЖАН ТЕРМИН, ПОМЛАДИТЕ ВО ИСЧЕКУВАЊЕ КОГА ЌЕ МОЖАТ ДА СЕ ИМУНИЗИРААТ

Додека илјадници лица во земјава  чекаат да бидат имунизирани, за жал  младите заради нивната возраст и да се пријават нема да  бидат имунизирани, бидејќи приоритет се постарите лица. На оваа тема постојано се пишува на социјалните мрежи дека имунизацијата за младите и средната возрасна група на население не е достапна. Се бара отворање на вакцинални  пунктови, каде што без закажување ќе може да се вакцинира секој што сака само со лична карта со цел да се зголеми имунизацијата и поподготвени да ја дочекаме есента.

 

Масовната вакцинацијата овозможи во земјава да бидат имунизирани околу 150 илјади граѓани, од кои 30 илјади се веќе ревакцинирани. Според податоците на Институтот за јавно здравје од почетокот на пандемијата до сега 154.494 лица се заразиле со ковид-19, а од нив 143.069 оздравеле.

Но и покрај ваквите бројки земјава е далеку од колективен имунитет. За да се постигне колективен имунитет и да се  спасиме од овој опасен вирус, одѕивот на граѓаните за имунизација  треба да биде многу поголем. Од друга страна голем број на наши сограѓани сакаат но не можат да бидат вакцинирани, едноставно или матичните не можат да им најдат  термин, или немаат матичен или, пак, немаат интернет за да се пријават на vakcinacija.mk.

Од друга страна младите заради нивната возраст и да се пријават нема да  бидат имунизирани, бидејќи први на список се постарите лица тие имаат приоритет. На оваа тема постојано се пишува на социјалните мрежи дека имунизацијата за младите и средната возрасна група на население не е достапна, па затоа тие заминуваат во Србија каде што можат без проблеми да се имунизираат.

-Зошто сега кога има доволно вакцини не се отворат барем неколку вакцинални  пунктови, каде без закажување ќе може секој што сака да се вакцинира – прашуваат граѓаните и укажуваат дека  вакцините имаат рок на траење  и да не се доведеме во ситуација тие  да останат и да бидеме принудени да ги  фрламе.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера изјави  дека на некои пунктови се вакцинирани млади луѓе, на возраст меѓу 20 и 30 години, зашто на конкретниот пункт веќе немало возрасни граѓани над 70 години односно сите возрасни над 70 години таму веќе примиле вакцина. Тој го промени ставот дека до 15 мај сите пријавени до 30 април ќе добијат термин за вакцинација, и рече дека помладите можеби ќе почекаат.

-Или утре или во понеделник сите пријавени ќе добијат термин. Се става акцент на новопријавените над 70 години па затоа можно е помладите нешто подолго да почекаат зашто сметаме дека постарите се приоритет за заштита. Во некои општини беа пријавени помал број постари граѓани, некои помлади го земаа нивниот термин. Помладите од 40 ќе почекаат. Помладите беа вакцинирани зашто во пунктот веќе била исцрпена бројката на постари граѓани, но со новопријавените пак ставаме приоритет на постарите, рече Филипче.

Во соседна Србија, која е лидер во регионов како е организирана целокупната имунизацијата, има голем број на вакцинални пуктови каде што секој без разлика на возраста  може без пријава да се вакцинира. Деновиве граѓаните во многу земји во светот и во нашето соседство се стимулираат и со парични награди, со симболични подароци… и бројката  за имунизација е драстично зголемена.

Сепак за  министерот Филипче  вака како што е  во моментов ние сме добро организирани. Тој потсетува дека на теренот има мобилни екипи кои што ги имунизираат и старите и изнемоштени лица, како во сопствените домови, така и во старечките домови.  Во Србија исто так а има мобилни екипи но и за оние од помладата генерација кои што  без закажување  се вакцинираат.

 (В.Ма.)