Младите Кинези уживаат во  урбаните прошетки преку „Citywalk“-Уникатен начин за откривање на убавините на Каифенг

Овој град кој, инаку, е познат и како Северен Воден Град поради бројните езера, го имал својот напредок за време на династијата Сонг (960-1279). Тој денеска  претставува важна туристичка дестинација и посетителите може да уживаат во културно-историските споменици во него

46

Хаштагот за „Citywalk“, преку кој младите луѓе уживаат во лежерните урбани прошетки и во истражувањето на новите области, во моментов е тренд на повеќе кинески платформи за социјални медиуми.

За време на летниот распуст, голем број млади луѓе се собираа во Каифенг во провинцијата Хенан во Централна Кина за да го истражат градот, кој бил антички главен град на осум династии.

Младите што сакаат да доживеат незаборавно лично искуство преку откривање на урбаната култура и на локалните традиции, се движат низ градските улици неоптоварени од планови каде треба одат и што да посетат.

Сместен во источното пространство на Хенан и покрај јужните брегови на Жолтата Река, историските корени на Каифенг се протегаат повеќе  од два милениума.

Според шефот на градското Биро за култура, радио, филм и туризам, Веи Пеиши, Каифенг е еден од првите национални историски и културни градови во Кина, кој може да се пофали со длабоко културно наследство и кој е идеална дестинација за истражување.

Овој град кој, инаку, е познат и како Северен Воден Град поради бројните езера, го имал својот напредок за време на династијата Сонг (960-1279). Тој денеска  претставува важна туристичка дестинација и посетителите може да уживаат во културно-историските споменици во него, од кои најпознати се павилјонот „Змеј“, пејзажната градина на реката Кингминг, Градскиот парк, Царската улица на династијата Сонг, како и голем број храмови и музеи.

Блокот Фуксингфанг, каде што се наоѓа улицата „Шенгчанхоу“, е дом на повеќе од 10 улици, 163 дворови, шест единици за заштита на културните реликвии и на над 30 историски градби. Во него,  изминативе години, биле ревитализирани деловите од историско и од културно значење, со што се освежил нивниот изглед и биле отворени книжарници, студија и работилници за традиционални ракотворби и уметнички галерии.

Во текот на ноќта, мешавината на привлечни ароми од храната и повиците на продавачите до посетителите да ги пробаат нивните деликатеси прават улиците да изгледаат на пазар каде што туристите уживаат во вкусовите на разните закуски. Покрај вкусната кујна, младите посетители имаат можност да видат  и многу делови од овој град преку кои ќе стекнат подлабоко вреднување на историјата и на културното наследство на Каифенг.

Преку „Citywalk“, урбаните туристи може подобро да ги изберат своите активности и да ги усогласат со своите интереси и потреби. Иако ова е нов феномен, упатените во туризмот сметаат дека сè поголем број туристи денеска им посветуваат внимание на персоналните туристички услуги, споделувајќи ги своите искуства преку Интернет. Преку овие искуства, туристичките водичи ќе може да понудат попрофесионални и поприспособени услуги за да ги задоволат потребите на туристите.