Мицкоски објави видео од синоќешниот протест: Величествена ноќ, благодарам Македонијо!/ВИДЕО

231

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на социјалните мрежи објави снимка од дрон, направена за време на вчерашниот протест на најголемата опозициска партија пред Владата.

– Благодарам Македонијо! Величествена ноќ, енергија и сила за промени – напиша Мицкоски.

Вчера беше објавено, дека на протестниот митинг во Скопје присуствувале над 80.000 граѓани.