Дома МАКЕДОНИЈА Мицкоски: Наскоро ќе ја имаме деталната политичка понуда од ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: Наскоро ќе ја имаме деталната политичка понуда од ВМРО-ДПМНЕ

81

Kaко дел од кампањата „Разговори за обнова на Македонија“, ВМРО-ДПМНЕ денеска беше во Општина Центар во Скопје, каде со центарци разговараа за денешното секојдневие во Македонија, за проблемите коишто се дел од нивниот живот.

Во неговото обраќање претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, порача дека доколку има и убави работи, сака истите тие убави работи да ги дознаат, а доколку нема такви убави работи тогаш би сакале да зборуваат и за проблемите.

Бидејќи преку проблемите и ние учиме и вие учите од нас, тие проблеми практично треба да бидат дел од нашата предизборна програма, а ние како политичка партија како ВМРО-ДПМНЕ, како предводници на опозицијата и на Коалицијата за Обнова на Македонија да понудиме соодветни решенија кои што ќе бидат решенија за тие проблеми кои што се дел од секојдневието на нашите сограѓани, рече Мицкоски.

Тој потсети дека веќе трет месец се ширум Македонија, и дека некаде од крајот на месец септември разговараат со нашите сограѓани.