МИСТЕРИЈА НА ЗАБОРАВЕНИОТ ШВАЈЦАРСКИ ГРАД:Жителите на Золотурн опседнати со бројот 11!

65

Золотурн е главн град на истоимениот швајцарски кантон на северозападот на земјата кој се наоѓа на обалата на реката Аре,во подножјето на малиот планински ланец Јуре.

 

Иако станува збор за прекрасно место кое го основале Римјаните уште пред 2000 години, туристите често го забораваат поради близината на поценетиот и популарниот Берн.
Меѓутоа , Золотурн има свој шарм и бројни занимливости пренесува порталот „Инфо кс“.

Една од нив е мистериозната опседнатост со бројот 11 . Многу граѓани ни самите не знаат зошто во градот се наоѓаат точно 11 цркви и капели, 11 фонтани , 11 торнови и 11 музеи.

Некои од градбите потекнуваат од 15 век додека другите се направени во поново време , како на пример единствениот швајцарски музеј за сметководствена технологија по име Ентер, кој се наоѓа токму во овој град.
Во градот доминира Катедралата на Светиот Урсен, која била градена точно 11 години. Италијанскиот архитект Гаетано Матео Писони тој број го вметнал во многу нејзини детали.

До катедралата водат три скалила составени од 11 со 11 славини ,а самата катедрала има 11врати.
Катедрала има 11ѕвона и 11 олтари, а, еден од нив е направен од 11 видови на мрамор.

Во Золотурн се наоѓа и часовник кој покажува само 11 часа и ја свири химната на градот. Ќе се запрашате зошто толкава опседнатост со бројот 11.?
Народната легенда кажува дека во Золотурн просперитет донеле самовилите од блиските планини.
Англискиот збор за самовилите – елф – истовремено е и германски збор за бројот 11, па затоа граѓаните во ч ест на самовилте ја отпочнале градбата во која преовладува бројот 11.
Нумерологија та покажува дека 11 е најинтуитивниот број који се повезува со верата , дока за многумина тој ја симболизира непркинатата потрага за совршенство, тоа е шифра за надеж.

Но зачудува податокот што на многу занимливи производи на локалниот пазар е втиснат и бројот 11 , како што се чоколадата и пивотот 11.