Мистериозен цилиндар пронајден на плажа, никој не знае што е: „Не приоѓајте, опасно е“/ВИДЕО

159
Фото: 10 News First Perth Twitter

Огромен метален цилиндар исплива на плажа во Западна Австралија, а жителите веднаш ја алармирале полицијата која упатила предупредување никој да не му се приближува и да го третира како опасен предмет додека не утврдат за што точно се работи.

Огромниот цилиндар со бакарна боја изгледа делумно оштетен на видеата објавени на социјалните мрежи.

Полицијата веднаш ја отфрли идејата дека доаѓа од исчезнатиот лет MH370, кој исчезна на пат од Куала Лумпур до Пекинг во март 2014 година.

Во истрагата се вклучи и Австралиската вселенска агенција.

„Агенцијата работи на потврдување дали објектот би можел да биде дел од странска вселенска ракета. Бидејќи потеклото на објектот е непознато, треба да се избегнува секое ракување или обид за поместување на објектот“, велат тие, пишува Гардијан.

Д-р Алис Горман рече дека верува дека објектот е цилиндар со гориво што бил дел од индиската поларна сателитска лансирачка ракета.

„Изненадувачки е бидејќи се работи за толку голем фрагмент“, рече таа, додавајќи дека ракетното гориво е доста токсично и добро е што луѓето не се доближуваат до објектот.

Горман рече дека верува оти цилиндерот најверојатно паднал по лансирањето некаде во последната деценија.