Мисијата на МААЕ пристигна во украинскиот град Запорожје на пат кон нуклеарната централа

59

Мисијата на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), што треба да изврши увид во нуклеарната централа „Запорожје“, пристигна во украинскиот град Запорожје.

Оттука тимот експерти предводен од генералниот директор на агенцијата, Рафаел Гроси, треба да замине во обиколка на нуклеарниот капацитет што е наоѓа на оддалеченост од околу 120 километри.

„Запорожје“ е најголемата нуклеарна централа во Европа, со шест реактори за производство на електрична енергија. Моментално е под контрола на руските оружени сили.