Министерот Спасовски во работна посета на Општина Маврово-Ростуше

80

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска заедно со државната секретарка, Магдалена Несторовска остварија работна посета на Општина Маврово-Ростуше каде со градоначалникот на општината, Медат Куртовски разговараа за безбедносната состојба во општината и овој регион како и за  посветеноста на локалните власти во изградба и реконструкција на повеќе објекти од битно значење за граѓаните.

И  во најтешките моменти на кризата со пандемијата Ковид -19, продолжуваме целосно да ги реализираме  важните инвестиции, да инвестираме во суштинските области и во државните капацитети кои ќе генерираат напредок и прогрес, истакна Спасовски на средбата со Куртовски.

Куртовски, како што соопштија од МВР, изразил благодарност за денешната работна посета на  министерот Спасовски и искажал задоволство од соработката со безбедносните служби и во овој исклучително тежок период за сите нас соочени со кризата со пандемијата со Ковид- 19.

Спасовски и Несторовска направиле обиколка во близина на полициското одделение во Ростуше каде во тек се  интензивни градежни активности .

Од МВР информираа дека во поглед на безбедносната состојба на овој регион, нарушувањата на јавниот ред и мир споредено со истиот период минатата година заради Ковид -19 пандемијата се значително намалени, но полициското одделение и во овие специфични услови на пандемија се  карактеризира со добра покриеност на регионот со патролни служби и  редовни активности на полициските службеници.

Во поглед на стапката на криминалитет за изминативе девет месеци од 1 јануари 2020 до 30 септември 2020 од 35 кривични дела кои се гонат по службена и приватна тужба расчистени се 20 или процентуално 75 отсто.

.- Наш врвен приоритет и во иднина останува да вложуваме во условите за работа, во техника и опрема бидејќи само со подобри услови за работа полицијата ќе може да испорачува врвна безбедност, што директно влијае на унапредување на квалитетот на животот на сите граѓани, рече министерот Спасовски.

Извор:МИА