Министерката Нина Ангеловска се откажа од министерската плата додека траат владините мерки

158

Министерството за финансии донесе неколку мерки со кои ќе им помогне на компаниите кои први ја почувствуваа кризата да се справат со проблемите. Притоа, министерката за финансии Нина Ангеловска на прес конференција посочи дека се откажува од министерската плата се додека на сила се владините мерки против ширење на коронавирус

Таа додаде дека има ИТ компании и хотели кои можат да ги стават на располагање своите капацитети.

-Има ИТ компании кои можат да ги стават на располагање своите услуги, па и хотели и оваа е таа солидарност за која зборуваме. Во тешки моменти се познаваат хероите, ги повикувам оние кои имаат раст на добивките да и помогнат на државата и граѓаните со авансно плаќање. Јас се откажувам од мојата плата. Ако сите правиме мали чекори водиме кон големи промени, рече министерката Ангеловска.