Сојузот на синдикати на Македонија ја предупредува Владата дека на околу 60 илјади вработени во јавниот сектор мартовската плата треба да им биде повисока за над 2.000 денари. Според нив се работи за усогласувањето со минималецот, кој сега е 22.500 денари.

Од синдикатот посочуваат дека одлуката за повисока минимална плата сè уште не е објавена во „Службен весник“,а тоа како што велат ги плаши да не бидат вработените изиграни.

-Станува збор за 2.500 денари наспроти 2.500 евра плати на функционерите. Ако не се објави во „Службен весник“ тоа е кривично дело – остро реагира Синдикатот и дополнува дека ова усогласување е согласно законите и потпишаните колективните договори.

Од ССМ велат дека иако има зголемување на платите, тие не се доволни затоа што цените растат многу побргу. Тие потсетуваат дека последните пресметки на синдикатите  покажаа дека безмалку 59 илјади денари му требаат на едно четиричлено семејство да ги покрие основните потреби во месецот.

– Во март во однос на февруари трошоците се зголемени за над 1500 денари. Најмногу раст има кај храната. Цените во овој дел до скоро беа под контрола со мерката за замрзнување, но Владата одлучи таа да престане да важи -реагира синдикатот.

(В.Ма.)