Во ладен контејнер и без воздух, 39-те мигранти пронајдени вчера во приколката на товарното возило во Есекс, Англија, немале шанси да преживеат.

Тие самите не можеле да се спасат ниту пак никој можел да ги слушне нивните повици за помош, пишуваат медиумите за овој случај.

„Дејли мејл“ пишува дека 38 возрасни и тинејџерка полека замрзнувале до смрт во ужасни услови додека се обидувале да стигнат до Велика Британија на товарниот брод од Белгија.

Наводно, замрзнувачот во кој кога би работел, температурата се спуштала до -25 степени, а се користел за превезување кондиторски производи. Мигрантите биле таму најмалку 15 часа пред да бидат пронајдени мртви во Есекс. Но, можно е и да биле во ладилникот многу подолго.

Полицијата продолжува да го утврдува идентитетот на мигрантите и од каде дошле во Велика Британија. Една претпоставка е дека групата мигранти се криеле во контејнерот во белгиското пристаниште Зибруж. Полицијата исто така истражува дали мигрантите сами влегле во ладилникот или биле шверцувани во Британија.

Контејнерот тргнал во вторникот околу 14 часот. Вечерта бил пречекан од Морис Робинсон – Мо (25), по што бил закачен на неговиот камион, а возачот од Северна Ирска излегол од пристаништето 35 минути подоцна. Тој пристигнал во Есекс во средата околу 1:10 часот. Набргу по пристигнувањето дежурните служби добиле повик за помош.

Полицијата не соопшти дали повикот бил од Робинсон или од некој друг. Полицијата го уапсила Робинсон веднаш а под сомнение за убиство. Полицијата сè уште се обидува да утврди дали тој знаел дека мигрантите се наоѓаат во ладилникот. Братот на Робинсон за медиумите изјави дека семејството не се слушнало со него и дека не знаат што се случува. Тој исто така рече дека Мо живее со бремена девојка и дека чекаат близнаци. Камионот што го управувал наводно бил изнајмен и возилото има бугарски регистарски таблички. Бугарските медиуми пишуваат дека камионот бил регистриран во 2017 година од неименувана жена од Ирска. Ден по регистрацијата, некој го одвезол камионот од Бугарија и никогаш не се вратил таму.

Инспекторите веруваат дека постои група шверцери во Ирска поврзана со градот Варна во Бугарија. Не е познато дали Робинсон бил дел од таа група или дали знаел дека шверцува мигранти.

Случајот „Есекс“ потсетува на трагедијата на 71 мигрант, кои беа пронајдени во камион со ладилник на австрискиот автопат во август 2015 година, среде мигрантската криза. Тие беа мигранти од Сирија, Ирак и Авганистан.

Властите потоа открија мрежа за шверц на луѓе со луѓе предводени од Авганистанец на возраст од триесет години. Жртвите сакале да заминат во Германија и се качиле во Унгарија недалеку од границата со Србија. Унгарското судство осуди на доживотен затвор четворица големи шверцери од таа мрежа.