Ако не сте слушнале за Матео Песино, кој минатата сезона во редовите на Аталанта одигра само 13 натпревари, овие денови сигурно ќе го запомните неговото име.

Кога фудбалерите доаѓаат на подготовки, фоторепортерите вообичаено ги „ловат“ скапите автомобили, гардеробата, невообичаените маици, чевли, но во овој случај фокусот го насочија кон торбата на Песино. Тој се појави со торба „Порнхаб“ (порно-страница), на која се беа потпишани најпознатите порноактерки.

Овој моден детаљ стана хит на социјалните мрежи, па така Песино лесно ги стави во сенка своите далеку попознати соиграчи, но не поради својот изглед.