Без некои поголеми проблеми, кошаркарите на МЗТ Скопје славеа на гостувањето во Кавадарци против тимот на Еуро никел со 81:61 и на тој начин ја продолжија победничката серија во Првата кошаркарска лига.

Тимот од Аеродром ја имаше резултатската контрола во текот на целиот натпревар и на крајот сосема заслужено дојде 17. победа сезонава во домашното првенство.

Со овој триумф, МЗТ Скопје ја задржа предноста од две победи пред Пелистер и на три кола пред крајот на првенството, на добар пат е да се избори за предност на домашен терен во разигрувањето за титулата.