Американскиот боксер Флојд Мејведер е во врска со една од стриптизетите од неговиот клуб во Лас Вегас.

Британскиот весник „Сан“ тврди дека Мејведер повторно почнал да верува во вистинска љубов и дека ја нашол во стриптизетата на која воедно и е шеф бидејќи работи во неговиот ноќен клуб. Станува збор за Ана Монро, британско-американска стриптизета со која Мејведер наводно е во врска со месеци или барем двајцата се гледале тајно, а врската станала официјална на новогодишната ноќ кога им ја откриле на семејството и блиските пријатели.

  • Ана е родена во САД, но нејзините родители се преселија во Велика Британија на млада возраст поради работни обврски. Потоа се вратила во САД кога имала 22 години, изјави неименуван извор близок пријател на семејството на Флојд.

Ана патуваше со Флојд во Париз, Абу Даби, Исланд, Грција, Амстердам…

Светскиот шампион во бокс во пет различни категории се зауби во стриптизета со која сега сака да има дете и со тоа да ја круниса својата љубов.

  • Флојд сака уште едно дете, а мајка на тоа дете сака да биде Ана. Тие дефинитивно се забавуваат и зборуваат за дете, изјави за „Сан“ еден од пријателите на семејството Мејведер.

Сепак, не е сè толку чудесно, бидејќи таткото на Ана е против врската или барем сака да и објасни дека Флојд е некој што ќе ја „шутне за три дена“ и поради кого би можела да страда. Јасно е дека тој се раководи и од фактот дека Флојд бил пријавен за насилство од неговата поранешна сопруга Хози Харис.