Ракометната репрезентација на Хрватска ќе биде хендикепирана во преостанатиот дел од Светското првество во Египет за неиграњето на средниот бек Лука Циндриќ. Поранешниот играч на Вардар се пожалил на повреда по натпреварот со Јапонија, а лекарските прегледи покажаа дека има повреда на мускулот и за него настапот на овој Мундијалот е завршен.

Отсуството на Циндриќ ќе биде голем удар за Хрватска во борбата за медал, бидејки и Игор Карачиќ има проблем со препоните, Дувњак беше надвор од теренот подолго време поради Ковид-19, а Павловиќ има повреда на стапалото.

Хрватска веќе ја направи замената и на местото на Циндриќ ќе дојде Јанко Кевиќ.