„Мешање звуци“ е насловот на изложбата од авторот Стефан Шашков, која од вечерва ќе биде отворена во Кинотека на Македонија.

Изложбата претставува игра на синестезија, односно кореспонденција меѓу бои, форми и музика, а воедно е визуелно-естетски омаж на музичарите Харолд Бад и браќата Брајан и Роџер Ино.

“Шашков низ своите фотографии, врз кои се извршени компјутерски доработки, а именувани според музичките композиции на браќата Ино и Харолд Бад, успева повторно во нас да ја иницира оваа сензација на обоена музика и за миг да не понесе на неговото уметнички вдахновено патување, каде, секој еден звук на музиката на Роџер Ино, вибрира со колоритни тоналитети, а водно не само што ни овозможува да ја гледаме музиката низ ликовен облик, туку не воведува во нашиот имагинарен свет, исполнет со непознати пејзажи, во кои лебдат бестежински сите чувства и фигуративни објекти“, велат од Центарот за креативни индустрии.

Изложбата која ќе биде отворена до 18 декември, е во чест на Харолд Бад, кој почина пред три дена.