Металург најде замена за Брестовац

113

Екипата на Металург доби нов тренер и се договори со Дамир Стојановиќ, српски стратег кој ќе има за задача да го води тимот од наредната сезона. Освојувачот на трофејот во Купот на Македонија имаше алтернативен тренер во Оливер Димитриоски по заминувањето на Данило Брестовац, а управата успеа да изнајде решение.

Дамир Стојановиќ е мпад предводник, кој како тренер има работено во екипите на Земун, Патра од Грција, Вечеши од Унгарија и израелски Хапоел Рижон. Како играч веќе има една авантура во Македонија, во редовите на Југ.