Групацијата „Даимлер“, која е сопственик на Мерцедес, ги негираше шпекулациите за повлекување на тимот од Формула 1.

  • Ќе продолжиме да се натпреваруваме во Формула 1, а тоа ќе биде со тимот на Мерцедес. Немаме намера да го напуштиме натпреварувањето, изјави за „ДПА“ портпаролот на Даимлер.

Изминатите недели, компанијата Инеос, која се занимава со хемиска индустрија, се споменуваше како можен купувач на шампионскиот тим, но по најновите изјави, сè пропаѓа во вода.

На крајот на сезоната истекуваат договорите на Тото Волф, шефот на тимот и Луис Хамилтон, актуелен светски шампион и моментално најдобар возач на гридот, но се очекува наскоро да потпишат нови договори.