Британецот Луис Хамилтон продолжува да доминира во Формула 1 шампионатот, но и покрај тоа челниците на Мерцедес не се најзадоволни од стартот на новата сезона. Причината лежи во слабите партии кои години наназад ги пружа Валтери Ботас.

  • Во тимот владее незадоволство од она што го покажува Ботас, бидејќи сите се свесни дека го имаме најдобриот болид, а тој не го користи. Се повеќе владее мислењето дека Валтери не е достоен на предизвикот да вози за Мерцедес, а откако видовме што правеше Расел во Бахраин сега се повеќе владее мислењето дека тој би бил подобра опција за тимски колега на Луис отколку Ботас, изјави член на тимот на Мерцедес за весникот „Дејли Мејл“.

Финскиот возач има договор со Мерцедес до крајот на годинава, но челниците на тимот сериозно размислуваат да му врачат отказ и на негово место да го доведат Џорџ Расел.