Се уште не е познато кога на теренот ќе се врати најтрофејниот тенисер на денешницата Швајцарецот Роже Федерер. Тоа најверојатно ќе се случи на почетокот од 2021 година на турнејата во Австралија. На оваа тема зборуваше и легендарниот американски тенисер Џон Мекинро, кој не е претераноптимист дека Швајцарецот има иднина.

-Тешко е да се замисли Роже Федерер да се врати на нивото на кое беше. Не знаеме што ќе се случи доколку не победува како што тоа го правеше претходно. Ако ме прашувате мене, јас не би уживал доколку не победувам. Но тој се уште фигурира на АТП листата и самиот ќе одлучи дали треба да продолжи да игра, изјави Мекинро.