EPA-EFE/JUSTIN LANE

Еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Аргентинецот Лионел Меси, деновиве е во центарот на вниманието на спортската јавност, но не поради голот за „гаучосите“, со кој го победија Мексико со 2:0, туку заради детаљ од соблекувалната. Имено, Меси по мечот го бришеше подот со мексикански дрес, а поради оваа постапка збесна боксерот Канело Алварез.

  • Дали го видовте Меси како го брише подот со нашиот дрес и знаме? Подобро да се моли на Бога да не го најдам. Навреда е да се фрли дресот на Мексико, напиша мексиканскиот боксер.

Набргу потоа се јави и легендарниот Мајк Тајсон.

  • Некој како Канело му се заканува на Меси. Ако се осмели да го допре Меси, ќе морам да се вратам во рингот за неколку години, истакна Тајсон.