Францускиот натпреварувач Кантен Фијон Мајe освои златен медал во биатлон на 12,5 километри на Зимските олимписки игри во Пекинг.

Фијон Мајe победи со резултат 39 минути 7.5 секунди, без промашување на стрелиштето.

Тој го освои второто злато во Пекинг, по триумфот во трката на 20 километри, а вкупно четвртиот медал во оваа конкуренција, по среброто во мешана штафета и среброто во спринтот на 10 километри.

Норвежанецот Тајреј Бо го освои сребрениот медал со 28,6 секунди заостанување, со едно промашување. Ова е негов трет медал во Пекинг, а петти олимписки медал во кариерата.

Рускиот биатлонец Едвард Латипов ја освои бронзата со 35,3 секунди заостанување, а имаше и едно промашување.