Маја Поцевска и Јованка Житарова – секој маж би ги посакал за жена

373

Ви текнува, гарант, ви текнува на овие две наши девојки, кои додуша во меѓувреме се омажија, родија деца и на некој начин се повлекоа од сцената на популарните. Станува збор за водителката Маја Поцевска и пејачката Јованка Житарова кои и по толку години отсуство од ТВ-камерите ништо немаат изгубено од својата убавина. Иако сликите не се од нивната најнова колекција тоа не значи дека водителката и пејачката не држат до изгледот. Секогаш биле меѓу првите пет најсексапилни Македонки… па, сите тие што коментираа(т) за Маја и Јованка во право се.
Но, еве што некои искоментирале: Маја е една од ретките на македонска сцена која докажува дека е одлична мајка која не се плаши од предизвици… Јованка е одличен другар која, инаку, плени со сексапил… Маја има екстра газе, празник за машки очи… Како Маја што е, секој маж би ја посакал за жена…

За Житарова милион пати би можел да стиснам лајк… И уште стотина такви коментари се пишуваат со кои се докажува дека, ете, не сте ги заборавиле убавиците. А, тие каде се сега? За Поцевска се знае дека не е веќе во приватниот сектор, дека има друга работа на државна плата, а за Житарова нема ни трага ни гласа, освен дека едно време живееше на Алјаска, па скоро се врати во родната Македонија. Дали ќе почне пак да пее, останува времето да покаже. Важно дека си останаа и двете природно убави, интересни за медиумите. Д.М.