Маунт преговара со „ѓаволите“

126

Еден дел од британските медиуми ја пласираа и информацијата дека големиот ривал од Премиер лигата, тимот на Манчестер Јунајтед, ќе биде следната дестинација на искусниот играч за врска од редовите на Челзи, Мејсон Маунт. Репрезентативецот на Англија има договор со лондонските „сини“ до 2024 година, но поради одлуката да не ја продолжи соработката раководните лица на Челзи се принудени да го продадат за околу 50 мил. фунти.