Маск се именуваше за нов извршен директор на Твитер

32
epa09412189 Tesla CEO Elon Musk visits the construction site of Tesla's Gigafactory in Gruenheide, Germany, 13 August 2021. Tesla estimates a production of some 500,000 cars at the Gigafactory from end of 2021 on. EPA-EFE/Patrick Pleul / POOL

Американскиот милијардер и сопственик на Space X и Tesla Motors, Илон Маск, се именуваше за нов извршен директор на Twitter, откако го распушти одборот на директори и најави ново реструктуирање.

Американскиот весник „Вашингтон пост“ објави, повикувајќи се на извори блиски до Маск, дека неговиот тим планира да отпушти околу 25 отсто од работниците во првиот круг од реструктуирањето.

Адвокатот Алекс Спиро, долгогодишен правен застапник на Маск, ги водеше дискусиите за претстојните отпуштања, пренесува „Танјуг“.

Откако ја презеде контролата врз Твитер минатата недела, Маск ги отпушти главните директори на компанијата, вклучувајќи го извршниот директор Параг Агравал, финансискиот директор Нед Сегал и шефот за правни прашања и политика, Виџеј Гад.

Маск, исто така, го распушти одборот на директори на Твитер и се назначи себеси за единствен член на одборот, се вели во поднесокот до американската Комисија за хартии од вредност.

Маск подоцна објави на Твитер дека распуштањето на одборот е „само привремено“.

Маск минатата недела ја презеде контролата врз оваа социјална мрежа за повеќе од 44 милијарди американски долари.