Марш со свеќи по повод раѓањето на хуманитарната организација

51

Секоја година на 24 Јуни во Солферино, Италија се одржува глобален настан каде претставници од сите компоненти на Движењето на Црвениот крст и Црвената полумесечина се собираат и го одбележуваат основањето на организацијата. Оваа година со особена гордост се истакнува работата која нашите волонтери и вработени ја прават за пандемијата COVID-19.

Заради околностите кои ги налага пандемијата оваа година одбележувањето ќе се одржи преку организирање на Виртуелна Fiaccolata – марш со свеќи.

Секоја година волонтери и вработени во организацијата од целиот свет го изведуваат овој марш кој започнува од местото каде се одвивала познатата битка која го инспирирала раѓањето на организацијата од 24 јуни 1859 година, до местото Кастиљоне каде Анри Динан го организирал згрижувањето на ранетите од битката.