Поранешниот светски тениски рекет број еден Енди Мареј, потврди дека се подготвува за учество на САД Опен.

-Пред четири или пет недели се сомневавме дека турнирот ќе се одржи. Но, во еден момент морате да почнете ментално да се подготвувате и да правите планови. Да не е така, распоредот би изгледал различно. Ја планирам како да ќе се одржи турнирот. Проблемот се патувањата, затоа постои одреден страв кај нас. Се надевам дека ќе се одржи САД Пшен, јас сакам да учествувам, изјави Мареј.

Британецот планира да биде дел и од Мастерсот во Синсинати кој засега е планирано да се одржи пред турнирот во Њујорк.