„Македонци, ќе ве убиеме“, „Албанија – Косово“ – Антимакедонски пораки испишани на мостот „Око“/ФОТО

192
Фото: Богдан Илиевски Фејсбук

Мостот „Око“ пред Археолошки синоќа е вандализиран со антимакедонски пораки.

„Македонци, ќе ве убиеме“, „Албанија – Косово“, „Голема Албанија“ и други пораки се испишани на мостот.

„Синоќа е вандализиран мостот пред Археолошки музеј со антимакедонски пораки. Пак ли со досадниот филм „или уставни измени или меѓуетнички тензии“? Е овде ако нема камери и треба месец дена да се бара сторителот, да ставиме клуч на државава“, напиша Богдан Илиевски на социјалните мрежи.