Македонското сирење на фестивалот на природните сирења во Бра, Италија

54

Македонското сирење и млечни производи ќе бидат дел од „Cheese“, најголемиот и најважниот меѓународен настан, светски фестивал посветен на природни сирења, занаетчиски млечни производи што во организација на мрежата „Слоу Фуд“ од денеска се одржува во италијанскиот град Бра.

Годинешната прослава на сирење и млечни производи на едно место ќе собере мајстори за сирење, сточари, производители и експерти од целиот свет кои се среќаваат за да ги претстават своите производи, да споделат идеи и заеднички решенија за предизвиците со кои се соочуваат. На манифестацијата ќе има и презентации, конференции, дегустации и работилници или вкупно 122 најавени содржини.

Покрај презентации, програмскиот координатор на Слоу Фуд Македонија, Елена Каровска Гошевска, ќе одржи и работилница за вкус, насловена „Сезонско селење на стоката во Македонија, на која преку  презентација на кулинарското наследство на Македонија ќе се открие македонското солено „парче млеко“ со планинските сирења од Маврово.