Македонски пејачки и авторски ѕвезди на “Валандово фолк-фест 2022“ – Наредниот викенд (и Ламбе Алабаковски ќе пее фолк-песна)!

451

На Прес-конференцијата, а заедно со уметничкиот директор, Живоjин Глишиќ, водителскиот тандем Ирена Спировска и Ѓорги Калајџиев, Градоначачникот на Валандово Перо Костадинов и секако представникот од нашата редакција весникот ВЕЧЕР, беа претставени 23 новосоздадени македонски фолк композиции, но (за сега) само по пат на жребување.

Во Валандово, градот на калинката, на Прес-конференцијата, а заедно со уметничкиот директор, Живојин Глишиќ, водителскиот тандем Ирена Спировска и Ѓорги Калајџиев, Градоначачникот на Валандово Перо Костадинов и секако представникот од нашата редакција весникот ВЕЧЕР, беа претставени 23 новосоздадени македонски фолк композиции, но (за сега) само по пат на жребување.

Водителите Ирена и Калајџиев и со…. весникот ВЕЧЕР

На тој начин се направи редоследот по кој ќе пеат пејачите пред публиката во Фестивалската сала “Јанко Узунов“, како и пред камерите на МТВ 1 во Директниот пренос. Натпреварувачката вечер на 5 јуни (наредниот викенд) ја отвара дуетот Кристијан Лукаров и Марија Петковска со песната “Само крај тебе“. Оваа и те како важната вечер на која ќе го добиеме и победникот на 35-то издание на “Валандово фолк-фест 2022“ ќе ја затвори, така жребката сакаше, легендарниот Нино Величковски со песната “Ноќва долга Валандовска“. Помеѓу нив на сцената ќе ги слушаме и:

Благоја Грујовски

Сузана Спасовска

Бобан Цаневски

Лени Партикова

Благоја Грујовски, Сузана Спасовска, Душко Георгиевски, Бобан Цаневски, Перо Христов, Ефто Пупиновски, Лени Партикова, Ташко Каранфиловски, Далибор Ѓошиќ…и како автори Јован Јованов, Григор Копров, Љупчо Трајковски-Фис, Огнен Неделковски, Елвир Мекиќ…. а, големо и пријатно изненадување за сите е настапот на поп-пејачот Ламбе Алабаковски кој на овој фестивал ќе ја пее фолк-песната “Нема збогум“.

Ламбе Алабаковски

Градоначалникот на Валандово со водителите, новинарите…..

Перо Христов

И навистина нека нема збогум, бидејќи фестивалот во Валандово никогаш и не кажа збогум, на никој! Сите се добродојдени, на сите добронамерните распеаната Градска порта на Валандово ширум им е отворена. Затоа, дојдете да пееме, да другаруваме, по пауза од две години поради короната, пак да му се радуваме на животот!                      (Дуле Миќиќ)