Македонската фудбалска репрезентација до 19 години се пласираше во следната евроквалификациска фаза со победата над Луксембург од 3-0 на комплекс играчиштата при ФФМ.
Зтрелци на погодоците беа, Тошевски, Воша и Мурати. Оваа победа се покажа како доволна за избраниците на селекторот Станиќ,  да го обезбедат второто место во групата, а со тоа и пласман во следната рунда.
Голема работа ни заврши и Англија која денеска со 4:1 ја совладаа БиХ против која нашата селекција во првото коло одигра 0-0. Иако Македонија и БиХ завршија со по 4 освоени бодови и негативна гол разлика од -2, сепак поради повеќето постигнати голови (Македонија 3, БиХ 2), нашите надежи ќе ги продолжат квалификациите.
ФОТО: Петр Стојановски