Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ беше најзаслужен за новата победа на својот Хувентуд над Монако, трет натпревар во рамки на ТОП-16 фазата во Еврокупот.

Димитријевиќ на овој натпревар забележа 22 поедни, а вториот најдобар поентер во победничкиот состав, Бродзински, запиша двојно помалку. На спротивната страна најмногу се истакнаа Најт со 17 и Греј со 14 коша.

Хувентуд е прв во групата со сите три победи, додека за Монако ова е прв пораз во оваа фаза.