Македонија падна две места на ранг – листата на ФИБА

61

Македонската кошаркарска репрезентација падна за две места на најновата ранг – листа на ФИБА. „Црвено – жолтите“ сега се наоѓаат на 42-то место со 280 поени.

Репрезентацијата на Македонија минатата недела успеа да ги мине претквалификациите за Европскотото првенство во 2021 година и се пласираше во квалификациите за континенталниот собир кој треба да се одржи за две години.

Во првата претквалификациска фаза избраниците на Јорданчо Давитков запишаа три победи и еден пораз (на гости во Швајцарија), а ист беше и случајот со втората фаза – три победи и пораз во последниот натпревар (на гости во Романија). Првиот евроквалификациски прозорец ќе започне претстојниот ноември.

Инаку, на најновата листата нема промени во челото. Селекцијата на САД е прва со 793,7 поени, втора е Шпанија со 703,4 поени, трета Франција со 650,2 поени, додека Србија е четврта со 645,4 поени.

Следната листа на ФИБА ќе биде објавена по крајот на СП кое ќе се одржи од 31 август до 15 септември.