Мадона деновиве беше видена на ЈФК аеродромот во живописни тренерки, и со папучи и чорапи на нозете?!
Додека едните ја нарекоа подвижен циркус, другите беа одушевени, а аргентинскиот дизајнер Марчело Бурлон, кој живее и работи во Италија, изнел и навреди на нејзина сметка во насока дека изгледа како карикатура, поради што набргу се покајал и ѝ се извинил на пејачката на социјалните мрежи. Интересно е што таа, всушност, во рамките на својата облека на себе има бренд на овој дизајнер.
На сликите кои излегоа во јавност тешко е да се разбере што носи кралицата на попот. На оваа “модна комбинација“ таа додала и шарен шал, многу накит, коњски опавчиња, чипка на ракавите, и на нозете Луј Витон папучи преку црни кратки чорапи.
Сепак, кога ќе ја видите насмевката на Мадона, целиот нејзин изглед некако добива смисол, барем сè додека расположението ѝ е на ниво.