Луксузот во кој живее Марија Шарапова/видео
Тениската ѕвезда Марија Шарапова го покажа својот луксузен дом во Лос Анџелес. Како што вели, била вклучена во секој детаљ од нејзината куќа уште во градбата, а подоцна и во уредувањето. Луксузната куќа има прекрасен поглед на океанот од Пало Верде до Малибу, особено од главната спална соба и бањата. Нејзината куќа на три ката се најде на насловната страница на магазинот Architectural Digest.