Луксембург со најголема минимална плата во ЕУ

239

Од 1 јануари законската минимална плата во Луксембург е зголемена и сега надминува 2.100 евра месечно. Дури и пред ова зголемување, Луксембург беше земја со најголема минимална плата во ЕУ.

Паралелно од 1 јануари, Луксембург бележи пораст на многу социјални приходи.

Минималната плата за неквалификувани возрасни лица е зголемена од 2.089,75 на 2,141,99 евра. Минималецот за квалификувани работници е 2.570,39 евра, што претставува зголемување од 62,69 евра од претходниот период.

Зголемени се платите за младите: за ученици на возраст од 15-17 години, минималната плата е 1.606,50 евра (зголемување од 39,19 евра), за студентите помеѓу 17 и 18 години 1.713,60 евра (41,80 евра повеќе).

Минималната пензија е зголемена на 1.892,77 евра месечно.