Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, изјави дека е возбуден пред почетокот на новата сезона.

Британецот верува дека оваа сезона ќе биде многу поуспешна за него со новиот болид В14, од кој очекува многу.

  • Зимската пауза беше одлична за мене. Не можам да се сетам кога сум бил толку возбуден да влезам во нов болид, дури и ако станува збор само за тестирање. Возбуден сум како да сум дебитант, мојата работа со тимот е полна со изненадувања. Првпат го видов нашиот нов болид во декември, а сега го гледам вторпат пред претставувањето. Немав можност да гледам како се „раѓа“ новиот болид – изјави Британецот.

Инженерите го убедија Хамилтон дека новиот болид нема недостатоци, кои беа присутни на последниот В13, поточно новиот „мерцедес“ не треба да има проблеми на патеката, односно дека аеродинамичките можности се многу подобрени.

  • Оваа сезона ќе биде голем предизвик, јас живеам за такви битки, ќе работиме напорно за време на тестирањата, со цел да се подобриме дополнително и да видиме дали можеме да ги нападнеме лидерите и првото место – заклучи Хамилтон.

Сепак, според сите прогнози, се очекува Мерцедес да биде трет тим во поредокот, по Ред бул и Ферари.

Новата сезона ќе стартува на 5 март со трката за Големата награда на Бахреин.