Големиот талент од редовите на белгискиот прволигаш Андерлехт, Алберт Самби Локонга, е најновата желба на раководните лица на италијанскиот калчо гигант Милан. Станува збор за 21-годишен фудбалер кој игра во средниот ред и кој е дефиниран како наследник на фудбалерот на Барселона, Серхио Бускец. Челниците на Милан сакаат веднаш да ги осигураат неговите услуги, а потоа да му дозволат да ја одработи актуелната сезона како позајмен играч во дресот на Андерлехт.