ЛИДЕРСКА НА ПРОЧКА: Мицкоски не дава поддршка за Јанева, од Заев бара и предвремени парламентарни избори

143

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, и лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски повторно се договорија да седнат на заедничка маса. Средбата е закажана за вечерва во 20 часот. Во Влада, вистинско место за расчистување на отворените прашања и простување ако може да си простат.
Средба на барање на Мицкоски, а сами, затоа што така проценил Заев – нема потреба од формат на повеќе политички партии!

За на маса ги подготвија прашањата за претстојните претседателски избори, реформските закони, СЈО, евроинтеграцискиот процес на нашата земја заради тоа што, како што деновиве изјави премиерот дури и НАТО се уште не е завршено. Треба да се понесе заедничката одговорност пред историските одлуки што нашата земја треба да ги донесе.

– Да направиме се што можеме во јуни да го добиеме конечно датумот за отворање на преговорите со ЕУ. Тоа се важни работи, изјави Заев.

– Во духот на простувањето и помирувањето сум многу транспарентен, на луѓето што држеа пиштол и што викаа немам чиста мета, им простив, затоа што животот треба да тече напред. Ние со Мицкоски немаме ништо лично. Ќе продолжам да негувам позитивен дух. На нашата земја и треба дијалог, дијалогот е ветер во грб во сите наши аспирации и ќе продолжам во тој дел без разлика колку се инсинуираат лоши зборови. Ќе продолжам во интерес на државата да го негувам дијалогот, рече Заев.

Лидерот на опозицијата очекува и приближување на ставовите за предвремените парламентарни избори, изборот на јавен обвинител на предлог на опозицијата, како и бројните забелешки кои во ВМРО-ДПМНЕ ги имаат на предлог законот за СЈО, каде власта и опозицијата се со дијаметрално спротивни ставови.
Во однос на СЈО, за Мицкоски тоа е завршена работа. Во интервју во емисијата Отворено на Алфа ТВ тој рече дека „проектот Катица Јанева е завршена приказна затоа што СЈО не ги исполни очекувањата за тоа што беше формирано и целосно ги разочара граѓаните”.

За средбата што ја имал со Јанева, рече бил разочаран.

– Не само што не успеа да ме убеди во нејзините капацитети како човек и нејзината стручност е на ниско и дискутабилно ниво и ја пропушти својата шанса да биде специјален јавен обвинител кој ќе биде заштитник на правото и правдината. Таа се претстави во едно лошо светло и не ја заслужува поддршката ниту таа ниту тој тим, рече Мицкоски.

Заев и Мицкоски последен пат се сретнаа пред 8 месеци кога главна тема на разговор беше предлогот на премиерот земјава да се вика Илинденска Македонија.

Тие што зборуваат за „заевизам” си прават туризам на умот!

Изјавата на премиерот Зоран Заев дека нема заевизам, туку завидлизам стана хит на социјалните мрежи, а експресно стигна и одговорот од претседателскиот кандидат Гордана Силјановска.

Само нашите опонентни зборат за „заевизам”. Нема „заевизам” туку „завидлизам”. Тие што зборуваат за „заевизам” си прават туризам на умот, изјави викендов премиерот Заев, говорејќи за успешните владини политики и за критиките од опозицијата.

– ЈАЗИЧЕН ЗАЕВИЗАМ: Да му завидуваш на „умот”! Тоа е значењето на „завидлизмот”! Откако го „зацврстија” македонскиот јазик, сега уште и го збогатуваат со северно/народни елементи, напиша таа.

Аналитичарот Арсим Зеколи на твитер-профилот напиша: Седи во мерцедесот на Грујо, се фали со проектите на Грујо и вика „завидлизам”.