Лидерите на самитот на Г7 се пошегуваа на сметка на Путин

828

Лидерите на самитот на Групата седум индустриски развиени земји во Германија се пошегуваа со изгледот на рускиот претседател Владимир Путин, зборувајќи за тоа што треба да направат за да изгледаат посилни од него.

Додека лидерите на Г7 седеа на инаугуративната седница на самитот, можеше да се слушне од британскиот премиер Борис Џонсон како прашува дали треба да ја соблече јакната или не, пренесува агенцијата АП.

„Сите ние треба да покажеме дека сме поцврсти од Путин“, рече тогаш Џонсон.

Рускиот претседател Владимир Путин често се појавуваше на фотографии без кошула и во пози кои укажуваат на неговата сила и издржливост.