Поп-ѕвездата Лејди Гага носеше венчаница за време на снимањето на филмот „Куќа на Гучи“ (House of Gucci) во Рим. Гага ќе ја игра Патриша Реџани, поранешната сопруга на Маурицио Гучи, италијанскиот моден магнат, првиот човек на брендот „Гучи“, која помина 18 години во затвор затоа што ангажирала платен убиец за да го убие својот поранешен сопруг во 1995 година.

Заради снимање на свадбената сцена на Реџана и Гучи, Гага носеше бел фустан во А-линија со цветни детели, деколте и проѕирни долги ракави.

Драмата, во режија на Ридли Скот, моментално се снима на локации во Италија, а фотографиите на Драјвер, Гага и Џаред Лето кој го игра модниот дизајнер Паоло Гучи, дополнително ги заинтригираа обожавателите кои со нетрпение го очекуваат филмот.

Гага неодамна на својот Инстаграм профил сподели фотографија со Драјвер, како најава за филм што го снима во Италија. Таа во описот на фотографијата накратко напиша „Куќа на Гучи“.